ВМРО-ДПМНЕ ЗАСЕДАВА, ПРЕД ШТАБОВИТЕ ПРОТЕСТНИ СОБИРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВМРО-ДПМНЕ ЗАСЕДАВА, ПРЕД ШТАБОВИТЕ ПРОТЕСТНИ СОБИРИ

    Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва заседава и расправа за натамошните чекори на партијата, но не прецизираат кои се тие, а неофицијално се очекува комитетот да издаде и проглас до членството. Откако партиското раководство ги повика општинските комитети да одржат итни состаноци, пред повеќе општински штабови на ВМРО-ДПМНЕ низ земјава се собраа членови и симпатизери.

    „Тргаме во офанзива, нападната ни е татковината, Македонија треба да се брани. Следува бурен период, пролет со многу енергија и борба за ВМРО и Македонија. Ќе победиме“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

    Вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, обвини дека СДСМ има намера да ја редефинира државата само за да дојде на власт. Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи „дефакторизација на македонскиот народ и на другите етнички заедници кои живеат во Македонија“.

    Новоформираното Здружение на граѓани „Тврдокорни“ вечерва организираше протестен марш во Скопје поради, како што изјавија организаторите, поради обидот на политичарите да ја поделат Македонија и да воведат уште еден јазик. Маршот почна од Соборниот храм а заврши во паркот Жена-борец. Учесниците во маршот извикуваа „Еден јазик сакам ја, нејќам три, нејќам два“. Маршот заврши со  положување цвеќе пред споменикот на бранителите и со едноминутен молк за загинатите во конфликтот во 2001 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира