АВИОНОТ НА „ТУРКИШ ЕРЛАЈНС“ СЛЕТА ВО ИСТАНБУЛ БЕЗ ИВАНОВ, ЛЕТОТ ЗА МАДАГАСКАР ПРОПУШТЕН ПОРАДИ ЗАБОРАВЕН ТЕЛЕФОН

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    АВИОНОТ НА „ТУРКИШ ЕРЛАЈНС“ СЛЕТА ВО ИСТАНБУЛ БЕЗ ИВАНОВ, ЛЕТОТ ЗА МАДАГАСКАР ПРОПУШТЕН ПОРАДИ ЗАБОРАВЕН ТЕЛЕФОН

    Авионот на „Туркиш Ерлајнс“ во кој требаше да биде Ѓорге Иванов на пат за Мадагаскар и кој полета од Скопје со над два часа задоцнување поради заборавен телефон, слета во Истанбул утринава во 1:50 по локално време без претседателот, откако неговата делегацијата реши да го откаже летот.

    Иванов остана во Скопје и го пропушти летот од Истанбул за Антананариво во 2.20 часот по локално време. Во престолнината на Мадагаскар викендов ќе се одржи Самит на Франкофонијата, а Иванов требаше да биде еден од учесниците.

    Летот од Скопје за Истанбул на авиокомпанијата „Туркиш Ерлајнс“ во 20.40 часот во кој еден од патниците беше Иванов беше одложен од безбедносни причини поради заборавен телефон.

    Според МВР, при чистењето од претходниот лет, во авионот бил пронајден заборавен телефон. Била повикана екипа на МВР од Управата за безбедност и контраразузнавање и Одделот за антитероризам, која утврдила дека се работи за лажна тревога, по што капетанот решил да лета, но Иванов се премислил и се откажал од патувањето.

    Авионот Ербас А320 на „Туркиш Ерлајнс“ на крајот полета од скопскиот аеродром во 22.55 часот и по нешто помалку од еден час слета на „Кемал Ататурк“ во Истанбул.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира