„ТРАНСМЕТ“ БЕЗ ТЕНДЕР ЌЕ ЈА ОБНОВУВА ОБИКОЛНИЦАТА, НЕМА НОВО РЕШЕНИЕ ЗА ОДВОД НА АТМОСФЕРСКИТЕ ВОДИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    „ТРАНСМЕТ“ БЕЗ ТЕНДЕР ЌЕ ЈА ОБНОВУВА ОБИКОЛНИЦАТА, НЕМА НОВО РЕШЕНИЕ ЗА ОДВОД НА АТМОСФЕРСКИТЕ ВОДИ

    Поради итноста, Јавното претпријатие за државни патишта без претходно објавување тендер, склучило договор за обнова на Скопската северна обиколница со Друштвото за градежништво, транспорт и трговија „Трансмет ДОО Скопје“. Проценатата вредност  на догoворот е 220.338.983,00 денари или околу 3,6 милиони евра. Претпријатието вчера го доставило склучениот договор без тендер до Бирото јавни набавки, кое веднаш го објави. Договорот бил склучен на трети октомври.
    Неделава на прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК, Јавното претпријатие за државни патишта соопшти дека склучениот договор со „Трансмет“ изнесува 165,172,310 денари со вклучен  ДДВ, односно околу 2,6 милиони евра.
    Склучување договори без претходно објaвување се прави кога, од причини од крајна итност предизвикани од настани кои договорниот орган не можел да ги предвиди и да му се припишат како пропуст, не може да се примени рокот за објавување на отворена постапка, ограничена постапка, постапка со барање за прибирање на понуди или постапка со преговарање со претходно објавување на оглас.
    Вчера Јавното претпријатие за државни патишта до Бирото за јавни набавки го доставило и договорот за надзор на градежните работи. Исто како „Трансмет“; во итна постапка избраната е фирмата Друштво за инженеринг, проектирање и консалтинг „Евро консалтинг ДОО увоз-извоз Скопје“, која за работата ќе добие 1.920.000,00 денари или околу 32.000 евра. Овој договор бил склучен на 26 септември.

    И покрај итноста во изборот на фирма, трет месец по катастрофалната поплава на 6 август, Скопската обиколница е нечепната. Грпката на патот во правец кон Тетово и дупките на асфалтот сѐ уште се исти како што беа и неколку дена по поплавите, кога со еден слој асфалт привремено беа покриени за да може по нив да се движат возилата.

    Возачите веќе навикнаа да ја избегнуваат северната обиколница на Скопје. Сите влегуваат во градот, па наутро речиси непроодни се главните сообраќајници од Автокоманда до Ѓорче Петров.

    Од Јавното претпријатие за државни патишта не кажуваат зошто сѐ уште се чека да почне обновата на обиколницата, ниту пак кога е планирано да почнат градежните работи.

    „Веќе е потпишан договор за реконструкција на Скопската обиколница во должина од 1.500 метри, делот што беше оштетен од поплавите на потег од клучка Арачиново до клучка Смилковци, вклучувајќи ги двете клучки. Градежните работи ќе ги изведува фирмата ‘Трансмет’. Согласно договорот, постојат рокови да се започне со реконструкцијата, а градежните работи ќе траат 4 месеци“, велат од Јавното претпријатие за државни патишта, избегнувајќи да кажат кога, според договорот, треба да почне реконструкцијата.

    Дел од 22-те жртви во поплавата на 6 август загинаа токму на обиколницата, но нема ново, поинакво решение за одведување на атмосферските води (Фото: Ѓ. Личовски за СДК.МК)

    Дел од 22-те жртви во поплавата на 6 август загинаа токму на обиколницата, но нема ново, поинакво решение за одведување на атмосферските води (Фото: Ѓ. Личовски за СДК.МК)

    Дел од 22-те жртви во поплавата на 6 август загинаа токму на обиколницата. На прашањето дали нашле ново, поинакво решение за одведување на атмосферските води од претпријатие велат:

    „Сакаме да појасниме дека во самиот проект за изградба на Обиколницата е предвиден систем за прифаќање на отпадните води и тој веќе е изграден. За изградба на дополнителен систем или ново решение, ЈП за државни патишта нема законска надлежност“.

    Поплавата од 6 август на виделина го исфрли и Ннедостатоците на автопатот со системот за одвод на атмосферските води кој и со оваа реконструкција нема да се поправа (Фото: СДК.МК)

    Поплавата од 6 август на виделина го исфрли и недостатоците на автопатот со системот за одвод на атмосферските води кој и со оваа реконструкција нема да се поправа (Фото: СДК.МК)

    Од Јавното претпријатие за државни патишта нагласуваат дека нивни екипи, заедно со „Македонија пат“, веднаш по поплавата, излегле на терен и извршиле расчитување на оштетените делови и привремена санација на коловозот на обиколницата.

    Скопската обиколница беше пуштена во употреба во 2009 година. Се градеше цели седум години, по проекти кои ги изработија „Прима инженеринг“ и „Балкан консалтинг“ со ревизија од Градежен факултет. Долга е 26,7 километри. Изградбата на обиколницата ја чинеше државата 135 милиони евра. Таа е дел од Коридорот 8, поврзувањето на Македонија со Бугарија и Албанија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира