„ЛИСТАТА СО ОБВРСКИ ЗА ДЕНОТ ПОТОА“ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ НА МАЈКЛ МУР НАПРАВИ БУРА ПО СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

a:1:{s:9:"td_source";s:26:"Њујорк,(Гудис)

    „ЛИСТАТА СО ОБВРСКИ ЗА ДЕНОТ ПОТОА“ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ НА МАЈКЛ МУР НАПРАВИ БУРА ПО СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

    Сите кои барем малку следат политика веројатно се свесни дека имаше избори во САД. Републиканскиот кандидат Доналд Трамп излезе како победник, но некои луѓе (милиони луѓе) се преплашени од овој резултат.

    Можеби ова го објаснува фактот зошто Фејсбук објавата на режисерот Мајкл Мур денес е по сите социјални мрежи. Неговата „Листата со обврски за денот потоа“ е предизвик за граѓаните за да не му се предадат на стравот и да ја распознаат силата која сите ја имаме за да направиме нешто што навистина вреди.

    Листата на Мур може да ја прочитате подолу:

    1. Преземете ја Демократската партија и вратете им ја на народот. Тaa воопшто не ги исполни нашите очекувања.
    2. Избегнете ги сите експерти,  анкетари и сите оние кои одбија да слушнат што навистина се случуваше, за да можат да ги задржат своите приказни.  Истите тие сега ќе ни кажуваат дека треба да ја „излечиме поделбата“ и да „се соединиме“. Ќе кажуваат многу такви глупости во следните денови. Исклучете ги.
    3. Кој било од членовите на Демократската партија на конгресот кој утрово не стана спремен за да бори и да се спротивставува на истиот начинот на кој што правеа секој ден за цели осум години Републиканците против претседателот Обама, треба да направи чекор назад и да ги остави да стапнат оние кои знаат да го водат патот кон спречување на злото и лудоста кое отсега ќе започне.
    4. Сите треба да престанеме да викаме дека сме „зачудени“ или „шокирани“. Тоа што всушност сакате да кажете е дека сте биле во „меурче“ и не сте покажале внимание кон вашите сограѓани и нивниот очај, кои со години биле занемарени од двете партии, додека нивниот гнев и потреба за одмазда против системот само растел. И ете потоа дојде една ТВ ѕвезда што им се допаѓаше, чиј план беше да ги уништи обете партии и да им каже „Отпуштени сте!“. Победата на Трамп не е изненадување. Тој никогаш не бил шега. Сметајќи го како таква само го засилуваше. Тој е и суштество и креација на медиумите и тие никогаш нема да го имаат под нивна сопственост.
    5. Треба да ја кажете оваа реченица на сите што ги среќавате денес: „Хилари Клинтон победи на национално ниво!“ Дека мнозинството Американци ја претпочитаа Хилари Клинтон пред Доналд Трамп. Точка. Факт. Ако сте станале денес со мислата дека живеете во з**ана држава, не е точно. Мнозинството на вашите сограѓани ја сакаа Хилари, а не Трамп. Единствената причина зошто тој е сега претседател е затоа што сеуште функционира архаичната идеја на 18-иот век со име „Изборен колеџ“. Се додека не го смениме тоа ќе продолжиме да имаме претседатели за кои што не сме гласале и што не ги сакаме. Вие живеете во држава во која мнозинството на граѓаните рекле дека веруваат дека има климатски промени,  дека жените треба да бидат платени исто како и мажите, дека сакаат образование без данок, дека не сакаат да нападнат други држави, сакаат подигнување на минималната плата и  вистински универзален здравствен систем. Ништо од овие верувања не се сменило. Живееме во држава каде што мнозинството се согласува со „либералната“ позиција. Само ни фали либерално водство за да оствариме тоа (види #1). Ајде да се обидеме да го направиме сето ова до денес пладне. – Мајкл Мур

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира