МПЦ-ОА ПОВИКУВА ДА НЕ СЕ ПАЛАТ БАДНИКОВИ ОГНОВИ, А ДРВАТА ДА СЕ ДОНИРААТ

115
Наместо на улица покрај оган, МПЦ-ОА ги повикуваат верниците на богослужба во црква

Македонската православна црква-Охридска Архиепископија ги повикува граѓаните денеска да не се палат бадникови огнови, а собраните дрва да се донираат на социјално загрозени семејства.

“Верниците кои планираат да организираат коледарски оган, да не го прават тоа, туку да ги донираат дрвата. Исто така, на тој начин ќе покажеме и доволна граѓанска свест во време кога  Скопје, но и другите градови се соочуваат со енормно загадување“,  се вели во соопштението на МПЦ-ОА.

Наместо на улица покрај оган, МПЦ-ОА ги повикуваат верниците на богослужба во црква, каде достојно ќе се прослави Христовото раѓање.