РИМ ЈА ПОВЛЕЧЕ КАНДИДАТУРАТА ЗА ОЛИМПИЈАДА ОТИ ИМА ПОПАМЕТНА РАБОТА – ДА ГО ИСЧИСТИ ЃУБРЕТО

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Рим,(Би-Би-Си)

    РИМ ЈА ПОВЛЕЧЕ КАНДИДАТУРАТА ЗА ОЛИМПИЈАДА ОТИ ИМА ПОПАМЕТНА РАБОТА – ДА ГО ИСЧИСТИ ЃУБРЕТО

    Италијанскиот олимписки комитет официјално ја повлече кандидатурата за организација на Игрите во 2024 година во Рим, откако градскиот совет гласаше против кандидатурата. Римската градоначалничка Вирџинија Раги од популистичката партија Пет ѕвезди, кажа дека градот има поприоритетни работи, како собирање ѓубре и корупција. Ова значи дека во трката за ОИ 2024 останаа само Париз, Лос Анџелес и Будимпешта, откако претходно Бостон и Хамбург, исто така, ги повлекоа кандидатурите.

    Меѓународниот олимписки комитет ќе донесе одлука за домаќинот следниот септември.

    Претседателот на Италијанскиот олимписки комитет Џовани Малаго кажа дека поради одлуката за повлекување Италија „испадна будала“ и дека ќе пропушти шанса за инвестиции. Сепак, партијата Пет ѕвезди неколку пати нагласи дека е против кандидатурата за Игрите уште пред освои мнозинство во римскиот совет во јуни.

    Италијанската влада ја поддржуваше кандидатурата и најави дека ќе продолжи со поддрршката и покрај одбивањето од градските власти, но Малаго рече дека нема да продолжи со кампањата без поддршка од римскиот совет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира