ЗАБРАНАТА ЗА ПАТУВАЊЕ НА ТРАМП ЈА ЗАГРОЗУВА ИДНИНАТА НА СТРАНСКИТЕ СТУДЕНТИ

a:1:{s:9:"td_source";s:50:"ЛосАнџелес,(Ју-Ес-ЕјТудеј)

    ЗАБРАНАТА ЗА ПАТУВАЊЕ НА ТРАМП ЈА ЗАГРОЗУВА ИДНИНАТА НА СТРАНСКИТЕ СТУДЕНТИ

    Додека администрацијата на американскиот претседател  Доналд Трамп се обидува да ја спроведе контроверзната извршна наредба со која им се забранува влез во САД на седум држави со претежно муслиманско население, иднината на странските студенти од овие држави виси на конец.

    Не само што овие млади студенти се разделени од нивните семејства, туку ризикуваат со можностите за професионалниот живот. Наредбата е посебно проблематична за студентите кои постигнале успех во истражувања и бизнис за време на нивниот престој во САД.

    Марјам Мирзакани, родена во Иран во 1977 година и преселена во САД за докторат, беше првата жена која доби медал Филдс, највисоката награда во математика. Пардис Сабети, професор на Харвард, исто така, од Иран помогна во контролирањето на вирусот на ебола во 2014 година преку генетско секвенцирање.

    Иран, како една од државите споменати во наредбата, долго време придонесува кон американскиот интелектуален прогрес. Меѓутоа, следната генерација на иранските научници и бизнисмени може да ја немаат можноста за реализација на нивниот највисок потенцијал.

    Сејед Саџади, кој е на последна година на Калифорнискиот државен универзитет, пристигна во САД во 2012. Тој е фасциниран од машинеријата и вештачка интелигенција, и веќе придонел со четири објавени научни трудови. За него, последиците од извршна наредба биле груби и непосредни. На неговите две сегашни работни места – стажирање во компанија за видеоигри и истражувачка работа на универзитет, престанале да ги процесираат документите за авторизација. Исто така, тој планира да присуствува на конференција во Лондон во септември за еден од трудовите, но сега се чини дека патувањето, најверојатно, нема да се случи.

    „Работев многу напорно за да стигнам каде што сум во овој момент и среќен сум за тоа. Не сакам да се изгуби сето тоа”, рече тој.

    Раја Бидшахри ја советувале да остане во САД, додека нејзиното семејство е во Иран. Тоа значи дека речиси сигурно тие нема да присуствуваат на дипломирањето, одземајќи и ја шансата да ги прослави нејзините достигнувања со саканите.

    „Имав огромен план што вклучуваше преселба во Силиконската Долина, каде што ја поминав последната година, градејќи нова мрежа со консултанти и соработници. Забраната на администрацијата на Трамп не ме загрозува само како студент, туку и како претприемач. Сега сум принудена да размислувам за преселување на мојата компанија во погостопримлива држава за емигранти“, вели Бидшахри.

    Иако забраната беше одбиена од федерален суд, претседателот Трамп вели дека ќе издаде нова верзија на извршната наредба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира