ЗЛАТЕН ЛАВ ЗА „ЖЕНАТА КОЈА ЗАМИНА“ НА ФИЛИПИНЕЦОТ ЛАВ ДИЈАЗ

a:1:{s:9:"td_source";s:36:"Венеција,(Гардијан)

    ЗЛАТЕН ЛАВ ЗА „ЖЕНАТА КОЈА ЗАМИНА“ НА ФИЛИПИНЕЦОТ ЛАВ ДИЈАЗ

    „Жената која замина“, црно-бел трилер за одмазда што трае 4,30 часа, го освои Златниот лав на 73. филмски фестивал во Венеција, што заврши вечерва. Ова е 19. филм на филипинскиот автор Лав Дијаз, а се фокусира на борбата на една учителка одново да се интегрира во општеството, по 30 години в затвор за убиство што не го сторила.

    „Ова е за мојата земја, за филипинскиот народ, за нашата борба и борбата на човештвото“, рече Дијаз и му се заблагодари на жирито на чело со британскиот автор Сем Мендес.

    Сребрениот лав го освои „Ноќни животни“, трилер на Том Форд во кој играат Џејк Гиленхал и Ејми Адамс, во двојни улоги на поранешна брачна двојка и како ликови во романот што го напишал едниот од нив. Ова е втор филм на модниот дизајнер Форд, првиот „Самец“ со Колин Фирт во 2009 играше во Венеција, но не освои награда.

    Наградата за најдобар режисер ја поделија младиот Мексиканец Амат Ескаланте за „Нескротено“ и рускиот ветеран Андреј Кончаловски за драмата од холокаустот „Рај“.

    Ема Стоун е најдобра актерка за улогата на надежна актерка во мјзиклот „Ла Ла ленд“ на Дејмиен Чазел, а Оскар Мартинез е најдобар актер за агрентинско-шпанската драма „Истакнат граѓанин“. Ноа Опенхајмер освои награда за најдобро сценарио, за „Џеки“, студија за Џеки Кенеди во времето на атентатот на нејзиниот сопруг Џон Ф. Кенеди, а ја игра Натали Портман. „Лошата толпа“, канибалски трилер, освои Гран при од жирито за британската режисерка  Ана Лили Амирпур.

    Со наградите се затвори ова издание на Венеција, за многумина едно од најдобрите досега.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира