Тагови Постови тагирани со "јавно здравство"

таг: јавно здравство

ДВАЈЦА ЛОГОПЕДИ НА 200.000 ЖИТЕЛИ, А СЕКОЕ ВТОРО ДЕТЕ ИМА ПРОБЛЕМ СО ГОВОРОТ

32-годишната Даниела С. од Струмица мора да плаќа приватни часови за отстранување на пречките во говорот кај своето дете, оти тешко може да дојде до термин кај логопедите во Здравствен дом во Струмица. Нејзиниот 4-годишен син прозборел пред половина година, но сѐ уште тешко поврзува слогови, а камоли прости реченици.  Биле на преглед, детето  е здраво но кај него...

ОД РЕТКАТА БОЛЕСТ ВИЛСОН СЕ УМИРА ОТИ НЕМА РЕАГЕНСИ ЗА ИСПИТУВАЊЕ

Болните од ретката болест Вилсон немаат пристап до навремена и правилна дијагноза на болеста, ниту пак до соодветни тестови за нејзино следење. Тие велат дека во моментов во земјава нема институција која прави дијагноза на оваа болест, бидејќи во јавните здравствени установи не се прави генетско испитување со кое се докажува дека некој пациент ја имаа оваа болест, а...

ГРАДСКАТА БОЛНИЦА „8 СЕПТЕМВРИ“ ПОТРОШИЛА 50.000 ЕВРА НА БАРАЊА ЗА СОГЛАСНОСТ ЗА ТЕНДЕРИ

БИРОКРАТИЈАТА ПОВАЖНА ОД ЗДРАВЈЕТО – Серија текстови за корупцијата во здравството (6) Секое враќање на тендерската документација болниците и клиниките ги чини пари, бидејќи за секое барање за распишување тендер на Советот за јавни набавки му плаќаат максимум 300 евра. Од одделението на набавки на ГОБ „8-ми септември" велат дека за 2015 година на Советот за јавни набавки му платиле...

НЕМАМЕ ДОКАЗИ ДЕКА СЕ МЕСТАТ ТЕНДЕРИ ВО ЗДРАВСТВОТО, ВЕЛАТ ОД СОВЕТОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

БИРОКРАТИЈАТА ПОВАЖНА ОД ЗДРАВЈЕТО – Серија текстови за корупцијата во здравството (5) Советот за јавни набавки нема докази дека договорните органи местат тендери, ниту досега има процесуирано ваква постапка. Борче Христов, претседател на Советот за јавни набавки, вели дека се трудат да ги намалат постапките со директно преговарање, бидејќи со нив се намалува конкуренцијата. „Ние може да се сомневаме дека намерно...

БОЛНИТЕ УМИРААТ ЗАДУШЕНИ ВО ТЕНДЕРСКАТА БИРОКРАТИЈА

БИРОКРАТИЈАТА ПОВАЖНА ОД ЗДРАВЈЕТО - Серија текстови за корупцијата во здравството (1) Болни од рак оставени без терапија, лаборатории без потребни реагенси за дијагностика, нови апарати надвор од употреба оти недостига неопходен дел за работа, болници кои кубурат со медицински потрошен материјал, е само дел од сликата на јавното здравство која од година во година е се поалармантна. Главна причина зошто...