НАД 100 САЈТОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ОБЈАВУВААТ ЛАЖНИ ПРИКАЗНИ ВО КОРИСТ НА ТРАМП И ПРАВАТ ПАРИ ОД ТОА

a:1:{s:9:"td_source";s:28:"Њујорк,(Базфид)

    НАД 100 САЈТОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ОБЈАВУВААТ ЛАЖНИ ПРИКАЗНИ ВО КОРИСТ НА ТРАМП И ПРАВАТ ПАРИ ОД ТОА

    „Ова е вест на милениумот!“, вели приказна на сајтот „Ворлд Политикус“, цитирајќи неименувани извори од ФБИ, кои тврдат дека Хилари Клинтон ќе биде обвинета во 2017 година за криминал во врска со нејзиниот скандал со електронска пошта.

    „Вашите молитви се одговорени“, е уште еден сличен наслов. За поддржувачите на Трамп, тоа сигурно е случај. Тие помогнаа приказната непоткрепена со факти да генерира над 140 илјади споделувања, реакции и коментари на Фејсбук. Во меѓувреме, на околу 9.500 километри во мал македонски град, млад човек гледа како пари полека почнуваат да легнуваат на неговата сметка на мрежата за рекламирање на интернет Гугл Адсенс, анализира американскиот портал „Базфид“.

    Во текот на изминатава година, македонскиот град Велес доживеа дигитална златна треска, откако локалните жители отворија најмалку 140 сајтови за американската политика. Овие сајтови имаат американски имиња како „Ворлд Политикус“, „Трамп Вижн 365“, „Ју-Ес Конзерватив Тудеј“, „Доналд Трамо Њуз“ и „Ју-Ес-Еј Дејли Политикс“.  

    Речиси сите од нив објавуваат агресивни про-Трамп содржини, наменети за конзервативците и поддржувачите на Трамп во САД. Младите Македонци кои ги работат овие сајтови велат дека не им е гајле за Доналд Трамп. Заинтересирани се само за финансиска  корист.  

    Неколку од тие тинејџери и млади луѓе за „Базфид“ открија дека најдобар начин да генерираат интернет сообраќај е да ги рашират нивните приказни на Фејсбук и најдобар начин за тоа е да се објавуваат сензационалистички и често лажни содржини кои им се допажаат на поддржувачите на Трамп.

    Како резултат, овој чуден центар за про-Трамп сајтови во Македонија сега игра важна улога во пропагирањето лажна содржина, која беше идентификувана во неодамнешната анализа на „Базфид“ на партиските страни на Фејсбук.

    „Да, информациите на блоговите се лоши и лажни, но логиката е дека ‘ако тоа ги натера луѓето на да го кликнат, тогаш го користиме’“, изјави за „Базфид“ студент од Велес кој има сајт за американската политика.

    „Базфид“, исто така, идентификуваше други 40 сајтови за американска политика од Велес, кои веќе не се активни. Извештајот на агенцијата „Мета“ од април откри шест про-Трамп сајтови од Велес.

    Младите луѓе кои ги работата овие сајтови знаат дека зголемениот интернет сообраќај заради Трамп наскоро ќе заврши. Тие очекуваат сообраќајот и приходите значително да се намалат кога ќе завршат изборите, но се надеваат дека Трамп ќе победи и со тоа ќе живеат и нивните сајтови.

    „Ако Трамп загуби, планирам да го насочам мојот сајт кон спорт. Тоа значи дека веќе нема да има политика“, вели 16-годишник од Велес.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира