Бетмен и Дилан Дог ќе бидат јунаци на ист стрип во рамките на соработката на „Ди-Си комикс“ и легендарниот италијански издавач „Серџо Бонели“, кои лани најавија серија заеднички проекти.
Тој ќе биде промовиран на 30 октомври на традиционалната конвенција „Луча комикс и гејмс“ во италијанскиот град Луча, а во стрипот ќе се појават и нивните најголеми противници Ксабарас и Џокер. Нултото издание на „Бетмен и Дилан Дог“, насловено „Опасни врски“, е направено по сценарио на Роберто Рекиони.
Оригиналната идеја била да се спојат Флеш и Загор, за на крајот изборот да падне на два помрачни лика, Бетмен и Дилан Дог.