Помеѓу Мостот на желбите и Сараиште, охридски нуркачи открија фрлени автомобилски гуми и градежен шут.
„Да не речат охриѓани само од Вардар во Скопје се вадат гуми, а плус и зима доаѓа треба да се сменат, напиша на својата фејсбук страна охридскиот нуркач Никола Паскали од „Акватек“.
Нуркачот Паскали постојано од Охридското Езеро вади градежен шут и отпад. Неодамна, Паскали на езерското дно најде стара када, бојлер, потоа градежен шут и други куќни елементи кои охриѓани ги фрлаат во Езерото.
Д. ЧУБРИЌ