Незаборавните моменти од церемониите на отворањето на олимписките игри од минатото вклучуваат се и сешто од човечки пирамиди до Џејмс Бонд и речиси е време за натпреварите во Рио, но првин мора да се случи помпезноста на свеченото отворање. Секогаш блескава, парадата на спортистите од сите земји ќе се одржи ноќва на стадионот „Маракана“, заедно со говори, кревање на знамиња и палење на олимпискиот оган. Во меѓувреме, уживајте во овие моменти од претходните олимписки церемонии.
ЛОНДОН 2012 – Почна со зеленилото на англиските рурални краишта и потоа дојде кралицата. Кралицата Елизабета Втора „слета со падобран“ на стадионот заедно со Џејмс Бонд, т.е. актерот Даниел Крег. Сценариото продолжи со актерот од „Мистер Бин“ Роуан Еткинсон, кој свиреше една нота на синтисајзер и потоа трчаше во сцена како од сон на плажа со спортистите од филмот „Огнени кочии“.
ПЕКИНГ 2008 – Импресивно не е доволен епитет за оваа церемонија. Почна со повеќе од 2.000 тапанари, кои свиреа на фоу, традиционален кинески инструмент. Следеше настапот на 10.000 синхронизирани танчери, додека олимписките кругови излегуваа од подлогата на стадионот. Потоа имаше огномет, и уште огномет, вклучувајќи и специјални ефекти со огномет. Речиси сите отворања имаат огномет, но огнометот е измислен во Кина пред 2.000 години, па мораше да биде најголем.
СИДНЕЈ 2000 – „Човекот од снежната река“ го исплаши својот коњ со камшикот за време на церемонијата, по што следуваше девојче, кое се појави среде стадионот во сцена како од сон со огромна медуза и други морски животни. Најдобиот дел беше кога последниот носител на олимпискиот факел влезе во вода и го запали навидум влажниот котел, кој изгледаше како вселенски брод.
ЛОС АНЏЕЛЕС 1984 – Човек пристигна на стадионот со ракета на грбот и тоа е доволно да се каже. Генерацијата на „Џетсонови“ беше трпелива.
МОСКВА 1980 – Тоа беше годината на бојкот, предводен од САД, па имаше учесници од само 80 земјил. Исто така, тоа беше година на човекови пирамиди, изградени од стотици гимнастичари и танчери. Имаше и детско шоу со легии луѓе облечени како мечки.