ИГОР СПАСОВ ЗАСЕГА СЕ БАРА ДОМА, РАСПИШАНА Е НАЦИОНАЛНА, А НЕ МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА ПО НЕГО

    ИГОР СПАСОВ ЗАСЕГА СЕ БАРА ДОМА, РАСПИШАНА Е НАЦИОНАЛНА, А НЕ МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА ПО НЕГОИзбеганиот Игор Спасов се бара за доиздржување на затворска казна од 7 години и 3 месеци за убиството на Мартин Нешкоски. (Фото: МВР)

    Oд денеска на листата криминалци кои се бараат со потерница прв е Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешкоски, кој на листата е над Никола Војминовски и Никола Груевски, кои последни им избегаа на судот, затворските институции и МВР. На веб страната на МВР за потерници, само под фотографијата на Спасов пишува дека се бара со национална, а за сите останати има распишано меѓународна потерница. Тоа значи дека полицијата сѐ уште го бара внатре, на територијата на Македонија.

    Основниот суд Штип пред три дена го извести МВР дека Игор е во бегство. МВР го бараше, не го најде на претпоставените места, го извести судот и Штипскиот суд издаде наредба да се распише потерница по него.

    Спасов беше пуштен од затворот „Идризово“ пред една година, поради лекарски и вешти наоди дека морало врз него да се извршат најмалку две хируршки интервенции. Тој се оперирал од дискус хернија и од кила. Требало да се врати во затворот „Идризово“ на 18 октомври, но не го сторил тоа, поради што затворот „Идризово“ го информирал Основниот суд Штип.

    Спасов го претепа младиот Нешкоски до смрт на победничката прослава на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2011 на плоштад Македонија, во центарот на Скопје, а владата на Никола Груевски се обиде да го скрие убиството. Осуден е на 14 години затвор. Спасов е штипјанец, тој има сопруга и две деца. Тој нема патна исправа, бидејќи издржува затворска казна. Половина од казната му е издржана.

    Лани, пред да го добие условниот отпуст за операциите, Спасов пијан се оддалечи од затворот, но набргу се врати

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира