Десетмина работници претпладнево се повредени на градилиште во Куманово. Двајца од нив се во критична состојба и се пренесени на лекување на клиниките во Скопје.
„Кај нас се донесени повредени десетмина градежни работници. Двајца пациенти се во критична состојба, еден е донесен во бессознание, а на другиот тука му слошило. Тие се префрлени во Ургентниот центар на Скопските клиники. На останатите пациенти им се прават иследувања, но сите се во стабилни состојба и задржани се во дневната болница“, изјави директорката на Кумановската болница, Снежана Захариева.
Од СВР Куманово ја потврдија несреќата и најавија повеќе детали во текот на денот.
С. НИКОЛИЌ