ДЕВИЈАНТНИТЕ ПОЈАВИ СО ЛЕКОВИТЕ НА РЕЦЕПТ СЕ ОТСТРАНЕТИ, АКО СЕ ПОЧИТУВА ЗАКОНОТ ЌЕ ИМА ДОВОЛНО ПАРИ ДА НЕМА КВОТИ, ВЕЛИ ЗАЕВ

    ДЕВИЈАНТНИТЕ ПОЈАВИ СО ЛЕКОВИТЕ НА РЕЦЕПТ СЕ ОТСТРАНЕТИ, АКО СЕ ПОЧИТУВА ЗАКОНОТ ЌЕ ИМА ДОВОЛНО ПАРИ ДА НЕМА КВОТИ, ВЕЛИ ЗАЕВМесецов имало засилени теренски контроли за да се провери дали секој рецепт е валиден. - Премиерот Зоран Заев (Фото: СДК.МК)

    Фондот за здравствено осигурување има само делумни податоци за потрошувачката на лекови на рецепт, по ослободување на квотите на аптеките во целата земја што стартуваше од овој месец. Директорот на Фондот за здравствено осигурување Даниел Дончев рече дека од податоците кои сега ги имаат има благо зголемување на потрошувачката на лекови и дека овој месец имало засилени теренски контроли за да се провери дали секој рецепт е валиден. Според него не очекува проблеми во обезбедување на лекови на рецепт во аптеките.

    Премиерот Зоран Заев рече дека остануваат на решението да нема квоти за лекови на рецепт и дека постојано го зајакнуваат Фондот за здравствено осигурување да има доволно средства.

    „Сакам да ја испратам пораката дека увидовме одредени девијантни појави, кои се веќе отстранети.  Сакам да испратам порака сите да го почитуваат законот, ако го почитуваат законот Фондот со мало зголемување на буџетските пари може целосно да ги ослободи квотите. Секое буџетирање го зајакнуваме Фондот за здравство, оти здравјето на луѓето е многу важно. Обезбедени се доволно средства за оваа мерка, а денес директорите на Фондот соопштија дека се зголемуваат средствата одредени лекови, како и за скапите лекови“, рече Заев.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира