На вчерашната седница на Советот на Општина Велес, по итна постапка беше избран нов командир на Полициска станица Велес, место кое беше испразнето три месеци.
Од тројцата кандидати кои ги понуди министерот Оливер Спасовски, избран беше Трајче Алтанов, кој изминатите две години беше командир на Полициското одделение во Чашка. Алтанов (44) дипломирал на Факултетот за Безбедност – насока криминалист. Во службата е од 2001 година, 10 години дел од ЕБРД, една година во АЛФИ-те, три години служба на Аеродром – Скопје. Учесник во безбедносната криза во 2001 година.
Изборот доаѓа откако САКАМДАКАЖАМ.МК пишуваше дека местото командир на ПС Велес е празно три месеци.
П. ПЕЧКОВ