Патот меѓу тетовските села Шипковица и Бродец е блокиран по кусото невреме што денеска го зафати полошкиот регион, јавуваат репортерите на САКАМДАКАЖАМ.МК.
Засега, отсечени се селата Бродец, Вешала и Брозовце, но веќе се работи на расчистување на патот со градежна механизација.
Поројниот дожд, кој траеше десетина минути не предизвика голема штета во Шипковица и однесе само градежни материјали, песок и камења, но жителите на селото се исплашени од можни нови поплави како ланските, кога имаше голема материјална штета и човечки жртви.