ЈУЖНИОТ ВЕТЕР И БРАНОВИТЕ СЕКОЈ ДЕН ИСФРЛУВААТ ТРСКИ И АЛГИ НА ОХРИДСКИОТ КЕЈ

    ЈУЖНИОТ ВЕТЕР И БРАНОВИТЕ СЕКОЈ ДЕН ИСФРЛУВААТ ТРСКИ И АЛГИ НА ОХРИДСКИОТ КЕЈКомуналците очекуваат да имаат ваква работа и во наредните денови (Фото: СДК.МК)

    Јужниот ветер, кој создава големи бранови, веќе пет дена исфрла по десет кубни метри трска и алги на охридскиот кеј. Комуналците секојдневно го чистат овој дел од крајбрежјето, а временските прогнози кажуваат дека бранови и ветер ќе има и во наредните десет дена.

    „Наши екипи веќе пет дена го чистат градскиот кеј, кој е затрупан со отпад од трски и алги. Метеоролошките прогнози најавуваат дека вакво време со бранови и ветер ќе има до средината на ноември. Ангажиравме неколку екипи за отстранување на отпадот од кејот”, ни изјави Стефчо Маслов, раководител на Јавна хигиена во „Охридски комуналец”.

    Ова е период кога јужниот ветер дува константно, а брановите носат големи количини на отпад и од албанскиот брег.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира