Нов парк од 6.000 квадратни метри добија жителите на станбениот комплекс УЗУС во Велес, близу поранешна Топилница. Тој беше отворен по повод 9 Ноември, Денот на Општина Велес.
Паркот е хортикултурно уреден, со нова пешачка патека во должина од 370 метри и со внатрешни патеки со должина од 300 метри. Поставени се осветлување со 20 канделабри, урбана опрема, клупи, корпи за отпадоци, детски реквизити и справи за вежбање.
Општина Велес издвои 4,5 милиони денари од локалниот буџет за изградба на паркот.
П. ПЕЧКОВ