Концертот на Артуро Сандовал на Охридско лето што требаше да се одржи вечерва во Античкиот театар беше откажан поради силното невреме што го зафати Охрид, потврдија организаторите. Настапот на Сандовал беше закажан за 20.30 часот, а невремето во Охрид започна во 19.30 часот и траеше до 11 часот. Од организацијата велат дека прават напори концертот да се презакаже за утре во затворен простор.
Натурализираниот Американец со кубанско потекло е еден од најпознатите џез трубачи во светот и требаше да биде најголемата музичка ѕведа на годинашната фестивалска програма. Предвидено беше тој вечерва да настапи со својот бенд во Античкиот театар во Охрид и да изведува познати џез композиции од светски автори.
Сандовал е десеткратен добитник на престижната награда „Греми“, а шест пати триумфираше на наградите на „Билборд“ и има едно признание на „Еми“. Често соработува со најголемите музички ѕвезди и има настапи со водечките симфониски оркестри
НЕВРЕМЕТО ВО ОХРИД ГО ОТКАЖА КОНЦЕРТОТ НА АРТУРО САНДОВАЛ
a:1:{s:9:"td_source";s:43:"Охрид,(САКАМДАКАЖАМ.МК)