Во справување со силното невреме што го зафати вечерва скопскиот регион ќе се вклучи и армијата, а Градот Скопје формираше кризен штаб, кој ќе ја следи состојбата и ќе дејствува на терен. Претходно, Градот Скопје апелираше граѓаните да седат дома додека да заврши невремето, а тие што се заглавени на некоја до критичните точки во градот, да не ги напуштаат возилата додека да пристигне помош.
Најкритично вечерва е на обиколницата, која е блокирана и поради сообраќајка. Заглавените граѓани бараа помош на социјалните мрежи, бидејќи водата почнала да им навлегува во автомобилите. Сообраќајот беше во прекин и во Кисела Вода, клучката кај „Континентал“ е поплавена, како и подвозникот на булевар „Србија“ кон Аеродром.
Голем број граѓани се жалат дека канализацијата почнала да враќа и да им ги поплавува подрумите и гаражите, а вода навлезе и во подрумските простории на Клинички центар. Поради невремето, делови од Скопје останаа без струја, интернет и телевизија.
Управата за хидрометеорлошки работи јави дека во невремето во скопскиот регион наврнале 33 литри на метар квадратен до 20 часот и дека се очекува нестабилното време да продолжи и во текот на ноќта. Интензивни врнежи имаше и во западниот дел од земјата. За утре, исто така, се очекува променливо облачно време солокален пороен дожд и грмежи.
ВО СПРАВУВАЊЕ СО НЕВРЕМЕТО СЕ ВКЛУЧУВА И АРМИЈАТА, НАЈКРИТИЧНО НА ОБИКОЛНИЦАТА
a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)