МОРАМЕ ДА МУ ЈА ОТВОРИМЕ ВРАТАТА НА ЕУ НА ОНОЈ КОЈ ЌЕ НАПРАВИ БОЛНИ КОМПРОМИСИ СО СОСЕДИТЕ, КАЖА ГЕРМАНСКИОТ МИНИСТЕР МАС ПО СРЕДБАТА СО ДИМИТРОВ

    МОРАМЕ ДА МУ ЈА ОТВОРИМЕ ВРАТАТА НА ЕУ НА ОНОЈ КОЈ ЌЕ НАПРАВИ БОЛНИ КОМПРОМИСИ СО СОСЕДИТЕ, КАЖА ГЕРМАНСКИОТ МИНИСТЕР МАС ПО СРЕДБАТА СО ДИМИТРОВГерманскиот министер за надворешни работи Хајко Мас денеска во Скопје рече дека посакувал неговата посета да се одржи во подобри околности, но дека мора да се гледа напред кон иднината. - Хајко Мас и Никола Димитров (Фото: Ѓ. Личовски)

    Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас вели дека никој Европската унија не ја доведува во прашање пристапната перспектива на Северна Македонија. На заедничката прес-конференција со македонскиот колега Никола Димитров за време на неговата посета на Скопје, Мас рече дека духот на европскиот проект е да му се отвори вратата на оној кој ќе успее да направи болни компромиси со своите соседи, кој ќе почне долгорочни реформи.

    „Оној кој ќе успее да направи болни компромиси со своите соседи, кој ќе почне долгорочни реформи нему мораме да му ја отвориме вратата на ЕУ, тоа е духот на европскиот проект. Никој во ЕУ не ја доведува во прашање пристапната перспектива на Македонија. Сега останува на нас да го дадеме сето она што ни стои на располагање, како поддршка од ЕУ да го искористиме“, рече Мас и додаде дека посакувал неговата посета да се одржи во подобри околности, но дека мора да се гледа напред кон иднината.

    Тој рече дека не се откажуваат, иако се разочарани од одлуката на Европскиот совет минатиот месец да не се одобри датум за почеток на преговорите со Северна Македонија.

    Димитров рече дека колку ние имаме интерес да бидеме дел од ЕУ и ЕУ има интерес да бидеме дел од неа

    „Се надевам дека симболот на падот на Берлинскиот ѕид, кој беше еден вид кулминација на желбата на луѓето за слобода и демократија, за подавање рака и уривање на бариерите ќе ни даде поттик 30 години подоцна да ги рушиме една по една бариерите што нашиот регион го делат од ЕУ и ќе нѐ поттурнат кон неповратно демократско трансформирање и мериторирање во ЕУ“, изјави Димитров.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира