ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО НЕ БЕШЕ УСЛОВ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО, ВЕЛИ МИЦКОСКИ

    ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО НЕ БЕШЕ УСЛОВ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО, ВЕЛИ МИЦКОСКИМицкоски вели ако добие 80 пратеника и ако има Бадентерово мнозинство, подготвени се за чекор назад со Договорот од Преспа. - Христијан Мицкоски (Фото: СДК.МК)

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека решавањето на спорот за името со Грција не бил услов за членство во НАТО, во интервју за „Дојче Веле“. Според Мицкоски, членството во НАТО е работа која што е започната од многу порано, уште во 2008 година.

    На новинарски коментар дека услов за членство во НАТО беше решавање на спорот за името, нешто што Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг постојано го повторуваше, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одговори:

    „Не би рекол дека тоа беше услов“.

    Понатаму во интервјуто, Мицкоски вели ако добие 80 пратеника и ако има Бадентерово мнозинство, подготвени се за чекор назад со Договорот од Преспа.

    „Нашиот став го знаете. Имаме ли 80 пратеника, има ли Бадентерово мнозинство, ние сме подготвени и се отвора можноста за чекор назад, тоа сум го кажал и тука нема и не треба да има дилема“, кажа Мицкоски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира