ВО ЧЕНТО ПРОНАЈДЕНО ТЕЛО НА 12 ГОДИШНО ДЕТЕ, СЕ ТРАГА И ПО 16 МЕСЕЧНО ДЕВОЈЧЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    ВО ЧЕНТО ПРОНАЈДЕНО ТЕЛО НА 12 ГОДИШНО ДЕТЕ, СЕ ТРАГА И ПО 16 МЕСЕЧНО ДЕВОЈЧЕ

    Расте бројот на загинати лица во големото невреме што во саботата доцна вечерта го погоди Скопје и околината. Вчеравечер, како што информираат од МВР за „Мета“, во населбата Ченто било пронајдено телото на 12-годишно момче, кое настрадало додека со неговиот дедо се движеле со трактор по обиколницата. Од МВР велат дека се трага и по 16 месечно девојче, кое вчера било пријавена за исчезната.

    Со последната регистрирана жртва досега бројот на загинати во невремето изнесува 22 лица, а по едно сè уште се трага.

    Детето за исчезнато вчера околу 17 часот го пријавил татко му. Според пријавата, момчето и неговиот дедо, кои се од селото Стајковци, во саботата околу 22 часот со трактор се движеле по обиколницата, кога на нив наишол голем воден бран, кој го превртел тракторот и го однел детето.

    Неговиот дедо, успеал да се спаси, а мртвото тело на момченцето вчера околу 20.40 часот го нашол неговиот татко, во населбата Ченто, во близина на автобуската станица, последна 65-ка.

    Вчера, околу 18 часот 18-годишниот Џ.Ф. пријавил дека во саботата вечерта додека со возило се движеле по обиколницата, што го управувал сега загинатиот Фуркан Фејзулаху, на нив наишол воден бран. Во возилото со нив била и 16-годишната ќерка на загинатиот Фејзулаху, на која и се губи секаква трага. Како што информираат од МВР, по идентификувањето на 12-годишното дете, неговото тело по наредба на јавен обвинител било дадено на семејството за погреб. Обдукцијата на телото, според информациите, не била извршена.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира