УНГАРИЈА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ЕВРОВИЗИЈА ОТИ БИЛА ПРЕМНОГУ ГЕЈ

    УНГАРИЈА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ЕВРОВИЗИЈА ОТИ БИЛА ПРЕМНОГУ ГЕЈЕвровизија беше опишана како парада на хомосексуалци во годинашниот пренос на унгарската државна телевизија (Фото: Гети)

    Унгарија нема да учествува на Евровизија наредната година и се шпекулира дека ваква одлука е донесена затоа што музичкото натпреварување било премногу геј за крајнодесничарската влада и за шефовите на државната телевизија.

    Официјално образложение за повлекувањето не е дадено, но потегот уследи среде засилената хомофобична реторика во земјата, во која што премиерот Виктор Орбан покрена програма за поддршка на традиционални семејства и за зголемување на наталитетот.

    Спикерот на унгарскиот парламент неодамна ја спореди хомосексуалноста со педофилија, додека во преносот од последната Евровизија, таа беше опишана како парада на хомосексуалци и беше кажано дека „неучеството би било добро за менталното здравје на нацијата“.

    „Место да земеме учество во Евровизија, ќе поддржиме квалитетни продукции за унгарската поп музика“, изјавија од унгарската државна телевизија МТВА за „Гардијан“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира