СЕ ПОШУМУВААТ СТАРИТЕ ОДЛАГАЛИШТА СО ПЕПЕЛ ВО РЕК БИТОЛА

    СЕ ПОШУМУВААТ СТАРИТЕ ОДЛАГАЛИШТА СО ПЕПЕЛ ВО РЕК БИТОЛАВо акцијата, на ридиштата со пепел ќе се засадат 50 илјади садници. (Фото: СДК.МК)

    Почна акцијата за засадување на 50 илјади багремови садници на старите одлагалишта со пепел во РЕК Битола, за да се заштити животната средина од загадување. И лани на ридиштата со пепел беа засадени 50 илјади садници. Со тоа, само за две години околината на РЕК се пошуми со 100 илјади садници, што е една третина од вкупниот број засадени дрвца откако постои комбинатот.

    „Во изминатите седум години, односно од 2013 година до лани, биле засадени само 20.000 садници и тоа во 2014 година. Заштитата на животната средина е наша обврска. Немаме никаква дилема дека како одговорна компанија мора да направиме сè за РЕК Битола од црна, да стане зелена точка на еколошката карта на земјава”, рече генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски.

    Генералниот директор на РЕК Битола Златко Ќурчиевски, рече дека со пошумувањето во околината на одлагалиштето на пепел дополнително ќе се намали запрашувањето на околните населени места. Најави дека ќе се пошумува и околу селата Агларци и Логоварди, за конечно да почнат да се исцртуваат контурите на долгоспоменуваниот зелен појас околу РЕК Битола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира