Очекувајте да видите многу сино во 2020 година.
„Пантон“ соопшти дека боја на годината ќе биде класична сина, појаснувајќи дека така изгледа небото во самрак.
„Тоа е боја која предвидува што ќе се случи следно. Што ќе донесе иднината додека се движиме кон вечерните часови?“, вели Лори Пресман, потпретседателката на Институтот за бои „Пантон“.
Додека светот се наоѓа на прагот на нова деценија, изборот на класичната сина е како заокружување на еден циклус, имајќи предвид дека во 1999 беше избрана друга нијанса на сино – серулијан.
„Пантон“ избира боја на годината повеќе од две децении, што има големо влијание врз модните трендови и дизајнот.