ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ СПИЕЈА НА УЛИЦА ЗА ДА ПОДДРЖАТ КАМПАЊА ЗА ПОМОШ НА БЕЗДОМНИЦИ

    ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ СПИЕЈА НА УЛИЦА ЗА ДА ПОДДРЖАТ КАМПАЊА ЗА ПОМОШ НА БЕЗДОМНИЦИНастанот „Големо спиење на отворено“ се одржа низ цел свет (Фото: ПА)

    Илјадници луѓе, меѓу нив и славни личности, спиеја на отворено ноќеска за да поддржат глобална кампања за собирање средства за помош на бездомници.

    Настанот „Големо спиење на отворено“ имаше за цел да собере 50 милиони долари за хуманитарни организации кои помагаат бездомници. Организаторите очекуваа над 50.000 луѓе да се приклучат на иницијативата, при што организирани настани имаше во градови како Лондон, Единбург, Даблин, Њујорк и Бризбејн.

    На Трафалгар сквер во Лондон, тие што спиеја надвор се соочија со температура од 10 Целзиусови степени и со силен дожд, услови што, како што кажаа, се вообичаени за бездомниците. Актерката Хелен Мирен на учесниците им читаше приказни пред спиење.

    „Студено е и имаме силен дожд, но го правиме ова затоа што светот има сериозен проблем со бездомништвото, вклучувајќи ги и бегалците. Ние само на кратко го искусуваме она што тие луѓе го искусуваат секој ден“, изјави Луиз Кејси, водителка на кампањата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира