Сана Марин со 34 години ќе стане најмлад премиер на светот, предводејќи коалициска влада на Финска, во која ќе доминираат жени.
Досегашната министерка за транспорт беше избор на нејзината Социјалдемократска партија, откако премиерот Анти Рине поднесе оставка. Таа треба да ја преземе функцијата оваа недела.
Марин ќе биде на чело на коалиција на пет партии, сите предводени од жени.
Најмлад премиер на светот моментално има Украина, 35-годишниот Олексиј Гончарук, додека новозеланската премиерка Џесинда Ардерн има 39 години.
„Никогаш не сум размислувала за моите возраст и пол. Мене ми се поважни целите заради кои што влегов во политика и работите поради кои добивме доверба од гласачите’, изјави Марин.
Таа ќе биде трета жена на премиерската функција во историјата на Финска.