На повеќе локации во Велес, пред пешачки премини, локалната власт постави безбедносни столпчиња. Со ова дополнително се означува просторот пред пешачките премини и е направено на барање на граѓаните и советниците.
„Поставувањето на безбедносни столпчиња придонесува за дополнителна и поголема безбедност на градските улици, така што оневозможува непрописно паркирање на возилата на пешачките премини и ги зголемува видливоста на пешаците и прегледноста на возачите“, информираа од локалната власт.
Проектот придонесува за подигнување на нивото на безбедност на пешаците како активни учесници во сообраќајот и за намалување на бројот на сообраќајни незгоди и несакани последици. За реализација на овие активности, од општинскиот буџет се издвоени 125.000 денари.
П. ПЕЧКОВ