САМО 8 ОТСТО ОД МОМЧИЊАТА ГИ МИЈАТ РАЦЕТЕ СО САПУН ВО ТОАЛЕТ, КАМПАЊА ВО УЧИЛИШТАТА ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР ЗА ОДРЖУВАЊА НА ХИГИЕНАТА

    САМО 8 ОТСТО ОД МОМЧИЊАТА ГИ МИЈАТ РАЦЕТЕ СО САПУН ВО ТОАЛЕТ, КАМПАЊА ВО УЧИЛИШТАТА ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР ЗА ОДРЖУВАЊА НА ХИГИЕНАТА58 отсто од децата мијат раце по употребата на тоалет, а сапун употребуваат 28 отсто од девојчињата и само осум отсто од момчињата, покажуваат податоците за хигиена на рацето. (Фото: Општина Центар)

    Само 8 отсто од момчињата во основните училишта ги мијат рацете со сапун. Овие податоците беа презентирани на денешната прес-конференција за почетокот на кампањата „И суперхероите мијат раце“ која ќе се спроведува во основните училишта во општина Центар, со цел да се поттикнат децата и возрасните редовно и правилно да ја одржуваат хигиената на рацете.

    „Податоците за хигиената на рацете кај децата во основните училишта се загрижувачки. 58 отсто од децата мијат раце по употребата на тоалет, а сапун употребуваат 28 отсто од девојчињата и само осум отсто од момчињата. Овој недостиг на ефективни практики за хигиена на рацете, честопати доведува до акутно гастроинтестинално заболување кај децата“, кажа Весна Герасимовска, специјалист интернист.

    Истражувањата покажуваат дека токму основните училишта се најчест извор на зарази, што доведува до појава на болести како дијареја, пневмонија и грип.

    Ирина Сотирова – Бухова, директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат кажа дека иако миењето раце изгледа сосема едноставна постапка, сепак не секој, не секогаш и не секаде правилно го изведува тоа.

    „Рацете како потенцијални носители на многубројни микроорганизми се од особена важност во ширењето на заразните болести. Како таргет секој пат ги земаме најосетливите групи, односно децата во училишната возраст. Кампањата ја почнуваме во основните училишта во општина Центар со цел да ја продолжиме низ сите други основни училишта на територијата на целата држава, рече Сотирова – Бухова.

    Првата едукативна работилница од оваа кампања ќе се одржи на 21 декември во училиштето „Киро Глигоров“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира