Тројца пациенти починаа откако стотици адвокати нападнаа болница во пакистанскиот град Лахоре.
Видеоснимки покажаа толпа адвокати како упаѓа во простории на кардиолошката болница, при што уништува опрема и тепа вработени. Во паника, лекарскиот персонал ги напуштил пациентите, од кои некои биле во критична состојба, при што тројца починале.
Полицијата морала да употреби солзавец за да ги растера адвокатите и ѝ требале два часа за да воспостави ред. Над 20 луѓе се уапсени.
Адвокатите биле револтирани од лошиот третман што некои нивни колеги го добиле во болницата минатиот месец, при што на социјалните мрежи се појави видеоснимка на која еден лекар ги исмева. Облечени во одело и вратоврска, тие го пробиле обезбедувањето и упаднале во болницата со стапови, при што биле запалени и неколку автомобили.