Досегашното јавно претпријатие „Проаква”, во чиј состав беа водоводите од Охрид и Струга, како и колекторскиот систем, се подели на три претпријатија. Отсега како одделни јавни претпријатија ќе функционираат водоводите во Охрид и Струга, а ќе стартува и државното претпријатие „Колекторски систем“.
За ова согласност дадоа советниците на Градскиот совет на Охрид, кои го прифатија Планот за поделба на МЈП „Проаква“.
Владата обезбеди 183 милиони денари за санација на колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро од отпадни и загадени води, кој се наоѓа во многу лоша состојба. Тој сега работи само со 20 отсто од неговиот оптимален капацитет.
Со санацијата ќе се започне наскоро. Средстава ќе се искористат за решавање на проблемот со шахтите кои се прелеваат, чистење на цевководот и за замена на редукторските системи во пумпните станици по целата должина на колекторскиот систем.
Д. ЧУБРИЌ