Учениците и наставниците од скопското средно уметничко училиште „Лазар Личеновски“ утринава беа евакуирани по дојава за бомба на паркинг во близина на училиштето, обајви државната агенција МИА.
Од МВР потврдија дека утринава во 8.36 часот имале пријава за направа што наликува на рачна бомба на паркинг на улицата Теодосиј Гологанов, поради што биле евакуирани сите присутни во училиштето.
Од полицијата велат дека утврдуваат дали се работи за вистинска или за школска бомба.