ЖИТЕЛИ ОД КАРПОШ 4 ВО СКОПЈЕ БАРААТ ПАРИТЕ ЗА ПЛОШТАД ДА СЕ ПРЕНАМЕНАТ ЗА ПОМОШ НА ПОПЛАВЕНИТЕ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЖИТЕЛИ ОД КАРПОШ 4 ВО СКОПЈЕ БАРААТ ПАРИТЕ ЗА ПЛОШТАД ДА СЕ ПРЕНАМЕНАТ ЗА ПОМОШ НА ПОПЛАВЕНИТЕ

    Граѓанската иницијатива „Ние сме Карпош 4“  испрати повик до Општина Карпош во кој бара парите предвидени за изградба на плоштад во нивната населба да се пренаменат за помош на поплавените во Гази Баба и Илинден. Општината најави дека ќе одвои 18,8 милиони денари за изградба на плоштадот во чии рамки е предвидено и детско игралиште, а за изведувач на градежните работи веќе е избрана и фирма.
    „Свесни сме дека голем дел од граѓаните на Капрош, иако сакаат да помогнат преку донации или со директна вклученост, сепак не се во можност истото да го направат од различни причини. Но истовремено тие граѓани располагаат со свои средства, а тоа се парите од нивните даночни обврски од кои дел се слеваат во општинската каса. Затоа го повикуваме градоначлникот Стевчо Јакимовски, како и целокупниот општински совет да ги пренаменат средствата или да го преиначат постоечкиот договор со изведувачот кон оние на кои помошта им е сега најпотребна“, велат од граѓанската иницијатива.
    Место плоштад и детско игралиште, жителите велат дека ‘ќе се задоволат со обична табла на која ќе пишува дека децата од Карпош 4 се откажале од ново игралиште во име на хуманоста.
    За предлогот, од „Ние сме Карпош 4“ велат дека се подготвени да соберат и достават потписи, но се надеваат дека Општината и Советот на Карпош и без потписи ќе ги послушаат.
    Тие побараа Општината преку допис и јавен повик да ги замоли компаниите со кои соработува, да ја позајмат механизацијата и дел од работниците на ЦУК за помош околу расчистувањето на штетите од поплавите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира