Пожар ја предизвикал хаваријата на склопката во РЕК „Битола“ поради што во четвртокот беше исклучен и вториот блок во РЕК, тврдат за САКАМДАКАЖАМ.МК вработени во комбинатот, кои сакаат да останат анонимни зашто не се овластени да даваат официјални изјави. Тие сведочат дека проблемот настанал со запалување на кабел од 6 кв, кој не можеле да го изгаснат ниту од противпожарната единица која функционира при РЕК. Поради ова, напомош била повикана и Противпожарната служба од Битола, која успеала да го изгасне огнот.
Од битолската Пожарна ни поврдија дека во четвртокот учествувале во гаснењето на пожарот во РЕК и дека се работело за високоризична интервенција.
„Учествуваме со едно возило и петмина пожарникари. Интервенцијата траеше од 13.30 до 15.45 часот. Беше високоризична поради високиот напон, па мораше да се гасне со изолациони апарати, поточно со CO2 и со пепел. Пожарникарите професионално ја завршија задачата“ велат за САКАМДАКАЖАМ.МК од битолската Противпожарна единица.
Од РЕК „Битола“ во соопштението испратено до медиумите потврдија дека имале дефект на склопка во 6 кв постројка на термоелектраната Битола 2 и била исклучена од електроенергетскиот систем на Република Македонија. Во соопштението немаше ни збор дека имало пожар.
Во периодот кога беше исклучен вториот блок не работеа ни другите два, а во петокот од комбинатот соопштија дека едниот е ставен во функција и дека се оспособува и другиот.
ХАВАРИЈАТА ВО РЕК БИТОЛА ЈА ПРЕДИЗВИКАЛ ПОЖАР
a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)
Содржината на текстовите во категоријата Дописна мрежа е единствена одговорност на www.sdk.mk и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.