ДЕДО МРАЗОВЦИ ГО ЧИСТЕА ДНОТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ОД ГУМИ И ШИШИЊА

    ДЕДО МРАЗОВЦИ ГО ЧИСТЕА ДНОТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ОД ГУМИ И ШИШИЊАНуркачите од езерото извадија гуми од автомобили и камиони, лименки од пијалоци и пластични шишиња, кои ги лоцираа при нивните предходни рутински нуркања.(Фото: Акватек)

    Нуркачите од клубот „Акватек“ спроведоа подводна еко-акција во Охридското езеро. Членовите на нуркачкиот центар облечени како Дедо Мраз, со празнична песна, од езерото извадија гуми од автомобили и камиони, лименки од пијалоци и пластични шишиња, кои ги лоцираа при нивните предходни рутински нуркања.

    „Целта на оваа еко-акција е да ги заокружиме нашите подводни активности за годинава што изминува. Дополнително, сакаме да упатиме порака до сите наши сограѓани за подигнување на еколошката свест бидејќи заслужуваме чисто езеро, не само за нас, туку и за идните генерации“, вели Никола Паскали од „Акватек“.

    Годинава нуркачкиот клуб „Акватек“, направи неколку акции за чистење на  Охридското езеро, во кои извлекоа големи количини шут и смет, кој не само што го загадува езерото, туку му штети и на подводниот свет.

    „Охридското езеро и останатите езера и реки се нашето богатство. Затоа ги покануваме сите нуркачи да се вклучат во нашите еко-акции за зачувување на водите и животната средина“, вели Даниел Атанасовски од „Акватек“ и додава дека и следната 2020 година, клубот ќе продолжи со ваквите подвизи не само во Охридското, туку и на останатите локации низ државата.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира