На свеченото доделување на 77. Златни глобуси, или познати како „забава на годината“ ќе се служат оброци без месо. На гостите на церемонијата која е закажана за 5 јануари, ѕвездите и гостите ќе добијат мени кое 100 проценти ќе биде базирано на зеленчук. Асоцијацијата на странски новинари во Холивуд рече дека со оваа иницијатива сакаат да ја подигнат еколошката свест за консумирањето храна и фрлањето храна.
„Ако постои начин, не да го промениме светот, туку да ја зачуваме планетата, можеби можеме преку Златните глобуси да испратиме порака или да привлечеме внимание за климатските промени. Храната која ја јадеме, начинот на кој ја одгледуваме храната која ја јадеме, и начинот на кој ја фрламе храната се едни од најголемите причинители на климатската криза“, рече претседателот на Асоцијацијата Лоренцо Сорија.
Тој кажа дека имале мали недоразбирања околу промената на менито, на две недели пред церемонијата во Беверли Хилс, но дека од хотелот на крајот сепак се согласиле да подготват ново мени.
„Барањето за ново мени за мене беше шок, но откако размислив каква порака ќе испратиме, сфатив дека е навистина голем предизвик“, рече главниот готвач во „Беверли Хилтон “ Метју Морган.
Како предјадење ќе се служи изладена крем супа од ротквица, како и оброци со печурки, рижото, брокула и моркови. Водата ќе се служи во стаклени наместо пластични шишиња.