СОБРАНИЕТО ЈА КОНСТАТИРАШЕ ОСТАВКАТА НА ЗАЕВ

    СОБРАНИЕТО ЈА КОНСТАТИРАШЕ ОСТАВКАТА НА ЗАЕВЛидерот на СДСМ Зоран Заев не присуствуваше денеска во Собранието, кое треба до полноќ да избере техничка влада за спроведување на изборите на 12 април. (Фото: СДК.МК)

    Собранието ја констатираше оставката на премиерот Зоран Заев. Тој утрово ја потпиша и ја достави оставката од премиерската функција, а не присуствуваше на седницата во Собранието.

    Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски кажа дека оставката на Заев е почеток на падот на владата предводена од СДСМ и дека на претстојните предвремени избори на 12 април граѓаните ќе го вратат ВМРО-ДПМНЕ на власт.

    Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески рече дека и на претстојните избори неговата партија ќе биде победник, бидејќи граѓаните не сакаат и нема да дозволат на власт да се врати ВМРО-ДПМНЕ и, како што кажа, нивните криминали.

    Предлогот за технички премиер Оливер Спасовски во претседателската вила Водно сега треба да го добие мандатот од Стево Пендаровски за составување на нова влада, по што ќе се одржи собраниската седницата за гласање на техничката влада. Седницата мора да заврши до полноќ.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира