ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ ГО ИСПРАЌААТ УБИЕНИОТ ИРАНСКИ ГЕНЕРАЛ СОЛЕЈМАНИ, ИЗВИКУВАЈЌИ „СМРТ ЗА АМЕРИКА“

    ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ ГО ИСПРАЌААТ УБИЕНИОТ ИРАНСКИ ГЕНЕРАЛ СОЛЕЈМАНИ, ИЗВИКУВАЈЌИ „СМРТ ЗА АМЕРИКА“Телата на Солејмани и на останатите убиени во нападот со дрон беа носени низ улиците на Багдад (Фото: Ројтерс)

    Илјадници луѓе се придружија на погребната поворка за најмоќниот ирански генерал Касем Солејмани, кој вчера беше убиен во американски воздушен напад, извикувајќи „Смрт за Америка“.

    Телата на Солејмани и на останатите убиени во нападот со дрон беа носени на процесијата низ улиците на Багдад, со што беше означен почетокот на тридневна жалост во Иран. На Солејмани утре ќе му се оддаде јавна почит и во Техеран, а ќе биде погребан во вторник во родниот град Керман.

    Шеесет и двегодишниот Солејмани важеше за втор најмоќен човек во Иран, а како водач на елитните единици Кудс, тој раководеше со сите ирански воени операции на Блиски Исток, создавајќи добро вооружени групи во Либан, Ирак и Сирија во изминатите две децении.

    Ирачката државна телевизија објави дека и денеска имало воздушен напад во земјата, во кој се убиени шестмина припадници на ирачката милиција. САД демантираа дека се одговорни за овој напад.

    „Заминувањето на Солејмани не значи крај на неговиот пат или мисија. Жестока одмазда ги чека оние кои ја имаат неговата крв на своите раце“, изјави Ајатолахот Али Хаменеи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира