ЗА 48 ЧАСА СОБРАНИ 13 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА ПОМОШ НА АВСТРАЛИСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ

    ЗА 48 ЧАСА СОБРАНИ 13 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА ПОМОШ НА АВСТРАЛИСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИРечиси 200 жаришта и натаму се активни низ земјата и нова голема криза се најавува за оваа недела (Фото: Гардијан)

    Повеќе од 13 милиони долари се собрани за само 48 часа во акцијата на прибирање средства за помош на пожарникарските служби во Нов Јужен Велс, додека оваа австралиска сојузна држава продолжува да се бори со катастрофални пожари. Акцијата ја покрена австралиската комичарка Селесте Барбер.

    Од почетокот на пожарите во септември загинаа најмалку 24 луѓе и изгореа повеќе од 1.500 домови, но огромни уништувања претрпи и животинскиот свет. Премиерот Скот Морисон на помош повика дополнителни 3.000 припадници на армијата и воспостави Национална агенција за борба против пожари.

    Квалитетот на воздухот во главниот град Канбера е оценет како најлош на светот, а на жителите им се советува да не излегуваат од дома.

    Барбер, чие семејство беше евакуирано од градот Идн, го опиша одзивот на акцијата како неверојатен, а меѓу оние кои помогнаа се и американската пејачка Пинк и актерката Никол Кидман, кои кажаа дека ќе донираат по 500.000 долари.

    Речиси 200 жаришта и натаму се активни низ земјата и иако најголемиот фокус на јавноста е на Нов Јужен Велс, погодени се речиси сите сојузни држави и територии. Пожарникарите предупредуваат дека нова голема криза се очекува оваа недела.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира