РИМ ГИ ОТСТРАНИ ШТАНДОВИТЕ СО СУВЕНИРИ ВО БЛИЗИНА НА ИСТОРИСКИТЕ СПОМЕНИЦИ

    РИМ ГИ ОТСТРАНИ ШТАНДОВИТЕ СО СУВЕНИРИ ВО БЛИЗИНА НА ИСТОРИСКИТЕ СПОМЕНИЦИГрадоначалничката на Рим Вирџинија Раџи рече дека штандовите изгледаат недостоинствено за нивната околина. (Фото: Алами)

    Штандовите за сувенири кои беа поставени пред некои од најпознатите и најзначајни историски споменици во Рим се отстранети, за да се подобри изгледот и безбедноста на градот. Градоначалничката на Рим Вирџинија Раџи рече дека штандовите на кои се продаваат керамички сувенири, капи, маици, како и фигури на личности од папата Фрањо до Доналд Трамп, изгледаат недостоинствено за нивната околина.

    Седумнаесет штандови ќе бидат остранети од локации како Фонтана ди Треви, Шпанските скали, Пантеонот и Пјаца Навона. Градските власти рекоа дека осум од 17-те штандови сепак ќе може да бидат поставени на улиците во близина на спомениците. Одлуката важи од 1 јануари.

    Градоначлничката изминативе години донесе повеќе одлуки со кои сака да го подобри имиџот на градот, како на пример, донесувањето забрана за седење на Шпанските скали, да не се јаде храна во близина на спомениците, или пак да не се влечкаат куфери со тркалца низ историските скали во градот. Забрана има за скокање во градските фонтани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира