НЕМА ВЕЌЕ ДА ИМА КИНЕЊЕ КАЗНИ ЗА ПАРКИРАЊЕ ВО ЦЕНТАР, ПОЦ ЌЕ ВОВЕДУВА СИСТЕМ ЗА АВТОМАТСКА НАПЛАТА

    НЕМА ВЕЌЕ ДА ИМА КИНЕЊЕ КАЗНИ ЗА ПАРКИРАЊЕ ВО ЦЕНТАР, ПОЦ ЌЕ ВОВЕДУВА СИСТЕМ ЗА АВТОМАТСКА НАПЛАТАКазните за неплатен паркинг нема да ги пишуваат вработени во претпријатието, туку преку камери ќе се читаат и казните ќе стигнуваат на домашна адреса или на апликацијата која ќе се изготви за оваа намена.(Фото: СДК.МК)

    Јавното претпријатие „Паркинзи Општина Центар“ (ПОЦ) летово ќе стартува со воведување нов систем на автоматска работа на паркинзите со кои стопанисува. Тоа значи дека казните доколку не се плати за паркирање, нема да ги пишуваат вработени во претпријатието, туку преку камери ќе се читаат и казните ќе стигнуваат на домашна адреса или на апликацијата која ќе се изготви за оваа намена.

    „Прво ќе изработиме апликација, потоа планираме со камери да се регистрираат возилата кои немаат платено и ќе се добиваат податоци колку празни места има. На секои 4 до 6 паркинг места ќе има камери. Со тоа граѓаните на апликацијата кога ќе излезат од дома ќе можат да видат каде на пример во Дебар Маало има празни паркинг места и колку. Казните пак ќе стигнуваат како порака на апликацијата или пак на домашна адреса. На овој начин сакаме да спречиме кинење казни од страна на нашите вработени“, вели директорот на ЈП „Паркинзи Општина Центар“ Васко Кичевски.

    Кичевски објаснува дека проектот најпрво ќе почне летово да се имплементира во Дебар Маало, како има најголем проблем со паркирање.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира