Германската канцеларка Ангела Меркел кажа дека Северна Македонија и Албанија припаѓаат во иста група кога е во прашање почетокот на пристапни преговори со ЕУ и таа се надева дека на состанокот на Европскиот совет во март може да се направи нешто на тој план по неуспехот на последниот Самит на ЕУ. Меркел зборуваше за двете земји, одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Берлин.
„Во случајот на Северна Македонија беше направен неверојатен скок со решавање на спорот за името. Тој спор ја блокираше земјата. Верувам дека Албанија и Северна Македонија припаѓаат во иста група. Во основа, ги имаме Србија и Црна Гора, ги имаме Северна Македонија и Албанија и секако, ги имаме БиХ и Косово, што е друга ситуaција. Што се однесува до претседателот Макрон, Андреј Пленковиќ последен зборуваше со него. Откако не успеавме да постигнеме согласност на Советот во декември, сега мора да видиме дали можеме да направиме нешто на Советот во март. Во тек се разговори на таа тема“, изјави Меркел.
Состанокот на Европскиот совет е закажан за 26-27 март во Брисел.