ОД КОЛЕКТОРОТ ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ПРИ ЧИСТЕЊЕТО СЕ ВАДАТ ТУЛИ И БЕТОНСКИ АРМАТУРИ

    ОД КОЛЕКТОРОТ ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ПРИ ЧИСТЕЊЕТО СЕ ВАДАТ ТУЛИ И БЕТОНСКИ АРМАТУРИЧистењето започна од црпната станица на плажата кај хотелот „Гранит“ - (Фото: СДК.МК)

    По три децении конечно почна чистењето на колекторот за заштита на Охридското езеро од отпадни води. Вработените од филијалата на хрватската фирма „Инд Еко“ од главниот цевковод вадат тули, бетонски арматури и друг отпад со кој бил затрупуван системот. Се претпоставува дека тулите и бетонските арматури во цевководот се фрлани преку шахтите.

    Првите зафати на колекторот започнаа кај црпната станица кај хотелот “Гранит“ и кај станицата кај “Орце Николов”. Според планот, цевководот до потегот кај Подмоље ќе биде исчистен до мај. Ќе бидат заменети и редукторите на неколку црпни станици. Се очекува системот на пролет да почне да функционира со 70 отасто од програмираниот капацитет.

    Досега колекторскиот систем работеше само 20 отсто од капацитетот.

    „За прв пат по три децении ќе почнеме и со чистење на секундарната градска канализација“,вели директорот на новоформираноти јавно претпријатие “Колекторски систем” Владимир Алексијоски.

    Поради запоставеност и негрижа колекторот во текот на летните месеци речиси не функционираше поради што во Езерото се влеваа и фекалии што предизвикуваше револт кај жителите на крајезерските населби туристите.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира