Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески денеска, на Денот на рибарите, се фрли во Охридското езеро. Георгиески е прв охридски градоначачник кој на овој начин учествувал во одбележување на Денот на рибарите.
Во Охрид секоја година на празникот Свети Јован Крстител, со капење во Езерото и подготовка во голем казан на рибја чорба, се слави Денот на рибарите. На овој начин се одбележува завршувањето на забраната за риболов после зимскиот мрест.
Д. ЧУБРИЌ