ЖЕРНОВСКИ ПО РАСПИТОТ ВО СЈО РЕЧЕ ДЕКА НА ГРУЕВСКИ МЕСТОТО МУ Е ВО ПОПРАВНА И ВО ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЖЕРНОВСКИ ПО РАСПИТОТ ВО СЈО РЕЧЕ ДЕКА НА ГРУЕВСКИ МЕСТОТО МУ Е ВО ПОПРАВНА И ВО ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА

    Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски го нарече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски „насилник и кукавица кој од позиција на премиер наредува физички да биде нападнат градоначалник на општина“.

    По распитот во СЈО кој траеше повеќе од три часа, Жерновски, даде изјава за новинарите откривајќи дека пред специјалниот обвинител дал исказ за настаните од јули 2013 кога беше нападната бараката на општината и приложил докази за луѓето кои учествувале во нив.

    „На таквите како Никола Груевски местото не им е во политиката, туку во поправна установа, а како што можевме да слушнеме од прислушуваните разговори, и во здравствена институција, изјави градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, по исказот што го даде во Специјалното јавно обвинителство за нарачаните шлаканици и демолирањето на општинските бараки во 2013 година.

    Тој откри дека во СЈО дал докази дека луѓето што учествувале во овие настани се членови и припадници на владејачката ВМРО-ДПМНЕ од кои дел биле регрутирани од државните институции.

    „Приложивме и фотографии на кои овие лица се фотографирани со поранешната министерска за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, Никола Груевски и претседателот на државата, Ѓорге Иванов“, изјави Жерновски.

    Жерновски рече дека, според негови информации, покрај случајот „Скопје 2014“ и овој случај за кој денеска даваше исказ има уште еден предмет кој произлегува од разговорите, а се однесува на општина Центар, но не сакаше да открие повеќе детали.

    Жерновски поднесе кривична пријава против Груевски во април 2015 година, веднаш по објавувањето на прислушуваниот разговор во кој тогашниот премиер од тогашниот министер за траннспорт и врски Миле Јанакиески нарачува да му бидат удрени 5 – 6 шлаканици.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира