ГОМНАРКЕ И ОРОСПИЈО, Ѝ КАЖА ЈАНЕВА НА СТЕФАНОВА ПО ШТО БЕШЕ ОТСТРАНЕТА ОД СУДЕЊЕТО ЗА „РЕКЕТ“

    ГОМНАРКЕ И ОРОСПИЈО, Ѝ КАЖА ЈАНЕВА НА СТЕФАНОВА ПО ШТО БЕШЕ ОТСТРАНЕТА ОД СУДЕЊЕТО ЗА „РЕКЕТ“На крајот на денешното сведочење на обвинителката Лиле Стефанова, кога таа го облече капутот да си оди, судијата Васка Николовска Масевска почна да ја предупредува обвинетата Јанева да не дофрлува од место, оти ќе биде отстранета. - Катица Јанева; Лиле Стефанова (Фото: К. Попов)

    „Гомнарке и ороспијо една“, ѝ кажа на гевгелиски Катица Јанева на поранешната колешка од СЈО Лиле Стефанова, по што беше веднаш отстранета од судењето за „Рекет“.

    На крајот на денешното сведочење на обвинителката Лиле Стефанова, кога таа го облече капутот да си оди, судијата Васка Николовска Масевска почна да ја предупредува обвинетата Јанева да не дофрлува од место, оти ќе биде отстранета.

    Но, Јанева почна да вика: „Ороспијо и гомнарке!“

    „Надвор, изнесете ја обвинетата од судница“, нареди судијката по што полицијата веднаш ја исфрли Јанева од судницата.

    На излегување, Јанева дојде кај новинарите, застана неколку секунди и рече:

    „Оти мачето ѝ го возев, затоа не чинам“, нервозна и пред плачење рече Јанева.

    Јанева во моментов е на скалите во судот, плаче, се тресе, а нејзиниот син Лазар ја смирува во присуство на полицијата, која ја придружува на судењата, бидејќи таа е во куќен притвор.

    Денешното судење завршува без Јанева.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира