ИТНА ЕВАКУАЦИЈА НА СИТИ МОЛ, ИМАЛО ДОЈАВА ЗА БОМБА, ПОТВРДИ ПОЛИЦИЈАТА

    ИТНА ЕВАКУАЦИЈА НА СИТИ МОЛ, ИМАЛО ДОЈАВА ЗА БОМБА, ПОТВРДИ ПОЛИЦИЈАТАПолицијата не дозволува пристап ни во близина на Сити Мол. (Фото: Д. Мирчев)

    Трговскиот центар Сити Мол во скопската населба Карпош околу пладне беше итно евакуиран откако полиција им наредила на посетителите и на вработените веднаш да го напуштат објектот.

    Според неколку вработени во Сити Мол, кои не се овластени да даваат изјави за јавност, им било речено дека имало анонимна дојава за бомба. И од МВР потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК дека имало дојава за бомба.

    Специјализирани полициски екипи, како и екипи на Пожарната се во трговскиот центар, а полицијата не дава пристап ни во негова близина.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира